Назад | Печати | Почетна страна | Мапа на сајтот

   Притисни за поголема слика

Фирмата Матрикс е ексклузивен застапник на повеќе германски производители на резервни делови за возила со што нашите дејности ги насочуваме кон организирање лагер, дистрибуција и промовирање на производите на следните производители:

Hengst Filterwerke - филтери

Flennor - ремени

Како официјален застапник на наведените производители за пазарот на Република Македонија, нашата фирма располага со канцелариски простор од 120м2 на улица Цветан Димов 153 во Скопје како и магацински простор од 200м2 на ул. Бих бб, со залиха на сите видови филтери и ремени за речиси сите застапени видови на возила кај нас, од каде што се дистрибуираат производите за потребите на околу 170 подажни места низ целата Република со сопствени возила за дистрибуција директно до купувачите.

Во просториите на наведената адреса располагаме со најсовремени софтверски програми за прецизно определување на артиклите според типот на возилата како и програми за материјално следење на залихата што ни овозможува во секој момент на најбрз можен начин да одговориме на поставените барања.

Процесот на застапување, организирање на залиха и дистрибуција е воден од страна на тим кој што веќе десет години извршува дејности на наведената проблематика, со профил на дипломирани машински инжиниери кои што со своето познавање на возилата и стандардите за квалитет, како и пазарниот начин на стопанисување, преку акцентирање на пазарната компонента во организиранњето и извршувањето на проблематиката на правовремено идентифицирање на резервните делови на возилата и понатамошно нивоно комерцијализирање, спремен е да одговори на сите модерни предизвици за потребите за резервни делови на возилата на пазарот.

Освен веќе наведените 170 продажни места, нашата фирма континуирано ги снабдува и следните големи фирми кои што со својот возен парк ги надминуваат границите на нашата држава со кои што воедно има склучено годишни Договори за снабдување и тоа:

ЈСП Скопје

Влада на Република Македонија

Македонски Телекомуникации

Транс Велес-Велес

Македонијапат

ГП Пелистер-Битола

РЕК Битола-Битола

Цементара-Скопје и други

Постојано ориентирани кон развојната компонента, нашите активности во секојдневното работење ги ориентираме на препознавање на предизвиците што пред нас ги поставува пазарот, насочувајќи ги од таму кон понатамошен развој на фирмата се со цел за што поквалитетно и поефикасно одговарање на потребите на нашите ценети купувачи.

 

Сите права се задржани. ©2003 Matrix